Свет Јордан го ослободи главниот идеолог на Ал Каеда

Јордан го ослободи главниот идеолог на Ал Каеда

Официјален Аман го ослободи Абу Мохамад ал Макдиси, еден од главните идеолози на терористичката организација Ал Каеда, кој од октомври минатата година се наоѓа во затвор во Јордан.

Јорданското обвинителство одлучи да ги повлече обвиненијата против Ал Макдиси, кој се најде зад решетки поради објавување на интернет на идеологијата на разгранокот на Ал Каеда, терористичката група Фронт на Нусра.

Засега не се открива причината за ослободувањето на Ал Макдиси.