Македонија Јолевски во посета на Кина

Јолевски во посета на Кина

Делегација од Министерството за одбрана, предводена од министерот Зоран Јолевски, од денеска престојува во неколкудневна посета на Народна Република Кина.

Како што денеска соопшти МО, за време на посетата министерот Јолевски ќе има средба со министерот за одбрана на НР Кина, генералот Чанг Ванкуан.

Министерот Јолевски ќе ги посети и Универзитетот за национална одбрана, како и Академијата за специјални операции.