Македонија Јолевски во посета на армијата на границата со Грција

Јолевски во посета на армијата на границата со Грција

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, началникот на Генерал-штабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, и командантот на Здружената оперативна команда на АРМ, бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, денеска во Гевгелија ќе ги посетат припадниците на АРМ, кои се ангажирани за асистенција на граничната полиција на границата на Македонија со Грција.

За време на посетата, како што соопшти Министерството за одбрана, Јолевски и Величковски ќе бидат запознаени со состојбата на теренот, ангажирањето на припадниците на АРМ, соработката и со координацијата со другите надлежни институции и со локалната самоуправа, како и со практичното извршување на задачите за спречување илегален премин на граничната линија со Грција од мигрантите.