Македонија Јолевски и Бесими на молитвен појадок во Вашингтон

Јолевски и Бесими на молитвен појадок во Вашингтон

Македонски претставници, предводени од министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и од вицепремиерот Фатмир Бесими, ќе учествуваат на традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон, заедно со претседателот на САД, Барак Обама.

Македонската делегација ќе ја сочинуваат и пратениците Влатко Ѓорчев, Роза Топузова-Каревска и Силвана Бонева, споругата на поранешниот македонски претседател, Вилма Трајковска, и поранешниот министер за здравство, Имер Селмани.

Оваа година на појадокот ќе учествува и духовниот лидер на Тибет, далај лама, на што Кина остро се противи.

На појадокот ќе присуствуваат околу 3.000 посетители од целиот свет. Националниот молитвен појадок се одржува секој прв четврток во февруари, а се практикува од 1953 година.