Македонија Јоханес Хан во посета на Македонија

Јоханес Хан во посета на Македонија

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, денеска e во посета на Република Македонија.

Според она што е до сега најавено, Хан ќе има средби со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, како и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими.