Uncategorized Јемен: Бунтовниците ја зазедоа претседателската палата

Јемен: Бунтовниците ја зазедоа претседателската палата

Шиитските бунтовници денеска ја зазедоа претседателската палата во јеменската престолнина Сана, по кратка борба со обезбедувањето, соопштија извори од јеменските безбедносни сили.

Очевидци потврдија дена силите на Хути и чуварите на палатата се судриле, а по кратката борба, бунтовниците ја презеле контролата над палатата, во која се наоѓа и канцеларијата на претседателот Абд-Рабу Мансур Хади.