Македонија Јавното обвинителство покани ЕУ-експерти за надзор на „Пуч“ и на „Прислушување“

Јавното обвинителство покани ЕУ-експерти за надзор на „Пуч“ и на „Прислушување“

Јавното обвинителство на Република Македонија доставило официјална покана до органите на Европската унија за испраќање меѓународни експерти кои би ја следеле работата на јавните обвинители во врска со актуелните предмети, случајот „Пуч“ и аферата „Прислушување“, соопшти денеска Јавното обвинителство.

„Ваквата одлука е одраз на цврстиот став дека јавните обвинители доследно постапуваат во согласност со законите и дека јавноста нема причина за сомневање за нивното постапување. Овозможувањето меѓународни експерти да бидат во тек со работата по предметите е само поради целосна транспарентност при работењето и отстранување евентуални сомнежи во објективноста на нашето постапување“, стои во соопштението.

Од Јавното обвинителство изразија надеж дека со ваквиот чекор ќе придонесат „кон градење на довербата во независното и самостојно постапување на јавното обвинителство“.