Економија Јавната администрација уште се дума за грчките плажи

Јавната администрација уште се дума за грчките плажи

Откажување на туристичките аранжмани за Грција нема, но продажбата во агенциите е послаба во однос на претходните години.

Во оваа насока говори и фактот што во некои од нив, и во шпицот на сезоната, можат да се најдат слободни места за туристичките дестинации што ги нудат, па дури и за најбараните во Грција.

Како што не било случај досега, во ек на сезона, агенциите оставаат простор за калкулација од страна на клиентите, кои можат и пред заминување да го уплатат аранжманот.

Од агенциите велат дека и покрај тоа што за нив најважни за продажба се овие два месеци, аранжманите не се продаваат според очекуваното.

Објаснувањата за оваа состојба, според нив, е воздржаноста на вработените во јавната администрација, кои се нивни клиенти, а сега, поради политичката криза, „калкулираат“ во однос на уплатата за одмор.

И секогаш кога е криза или се некакви избори, ситуацијата во областа на туризмот е иста.