Македонија Јавен повик до помладите да им помогнат на старите лица

Јавен повик до помладите да им помогнат на старите лица

Здружението за меѓугенерациска солидарност „Доблест“ ги повикува младите невработени лица кои сакаат да им помогнат на старите лица за нивно активно користење на слободното време.

Од Здружението соопштија дека активно работат за поттикнување на меѓугенерациската солидарност и подобрување на квалитетот на живот на старите лица.

Целта на проектот е поттикнување меѓугенерациската солидарност и волонтерство кај помладите за грижа кон постарите лица.

Јавниот повик е  во рамки на проектот „Ние сме со вас“, финансиски поддржан од Град Скопје.