Свет Свет Јапонија одбележува 70 години од атомската бомба фрлена врз Нагасаки

Јапонија одбележува 70 години од атомската бомба фрлена врз Нагасаки

Во Јапонија денеска се одбележуваат 70 години од атомската бомба фрлена врз Нагасаки. Во американскиот напад загинаа повеќе од 70.000 лица, а како последица на радијацијата, починаа 90.000 луѓе.

На загинатите им се оддаде почит со едноминутно молчење.

Комеморацијата се одржа во Паркот на мирот, каде беа присутни светски делегации, меѓу кои и американската и, првпат, делегација од Иран.

Атомската бомба врз Нагасаки беше фрлена на 9 август 1945 година, три дена по атомскиот напад над Хирошима.