Македонија Јанкулоска: Зачленувањето во ЕУ е единствена опција

Јанкулоска: Зачленувањето во ЕУ е единствена опција

Европската перспектива и зачленувањето во Европската унија (ЕУ) е единствена опција за сите земји од регионот, истакнала министерката за внатреши работи, Гордана Јанкулоска, на денешната дипломатска информативна средба за активностите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и за миграција (МАРРИ), што се одржа во Владата.

„Иако Република Македонија подолго време е земја-кандидат, сепак тоа не нè обесхрабрува многу туку, напротив, повеќе ни дава сила да покажеме дека ние сме подготвени за почнување со процесот на преговори и тоа час поскоро“, нагласила Јанкулоска во своето обраќање.

Јанкулоска во рамките на своето обраќање презентирала и дел од реализираните активности за подобрување во борбата против трговијата со луѓе, илегалната миграција и азилот.