Македонија Јанкулоска не се појави пред Анкетната комисија, на ред е Груевски

Јанкулоска не се појави пред Анкетната комисија, на ред е Груевски

Членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушување не го изгласаа дневниот ред на седницата на која требаше да сведочи поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Пратениците отидоа на координација да го договорат редоследот по кој ќе му поставуваат прашања на премиерот, кој треба да сведочи од 12 часот. Според деловникот, први ќе поставуваат прашања двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, еден од СДСМ и еден од ДУИ. Потоа кругот за прашања се повторува, но наместо ДУИ, прашања поставува ДПА, а во третиот круг прашања ќе поставува независната пратеничка Роза Топузовска-Каревска.

Испрашувањето може да трае најмногу осум часа.