Македонија Јанакиески: Сите села во Македонија денеска ќе бидат ослободени од снегот

Јанакиески: Сите села во Македонија денеска ќе бидат ослободени од снегот

Приодите до најголемиот дел или речиси до сите населени места кои поради снегот беа отсечени, денеска треба да бидат пробиени и да може нормално да функционираат, а се очекува и снабдувањето со електрична енергија да биде решено во најкритичните места, е заклучокот од денешниот состанок на Координативното тело на кризниот штаб, истакна  министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

– Дирекцијата за заштита и спасување помага во повеќе населени места и во согласност со акциониот план, денеска треба пристапните патишта до најголем дел или речиси до сите населени места да бидат пробиени и да може нормално да функционираат. ДЗС ќе вложи максимални напори денеска сите приоди до селата да бидат пробиени и да имаат нормална комуникација. Сите населени места во Македонија или најголем дел од нив денеска треба да бидат проодни – истакна Јанакиески.