Македонија Јанакиески ќе изврши увид во градежните работи за фекален колектор на Сончев...

Јанакиески ќе изврши увид во градежните работи за фекален колектор на Сончев град

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ќе извршат увид на текот на градежните работи за изградба на фекален колектор за локалитетот на Сончев Град.

Увидот на работите ќе биде направен на раскрсницата помеѓу булеварите Србија и Видео Смилевски – Бато, а на него ќе присуствуваат и градоначалниците на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, и на Сопиште, Стефче Трпковски.