Македонија Јана Белчева-Андреевска е новата претседателка на Советот на Оштина Центар

Јана Белчева-Андреевска е новата претседателка на Советот на Оштина Центар

Советот на Општина Центар со 15 гласа „за“ од СДСМ и со 6 „воздржани“ од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ја избра Јана Белчева-Андреевска да биде нова претседателка на Советот.

Белчева-Андреевска беше носителка на советничката листа на СДСМ, како независен кандидат и претставник на граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“.

„Платформата која води кон поквалитетен живот и која дава план како да се сопре урбанистичкото и еколошкото дивеење, а која ја објавивме како наш услов за поддршка на евентуален кандидат за градоначалник на Центар ја прифати само СДСМ“, рекоа тогаш од иницијативата.

„Во одбрана на Дебар Mаало“ е граѓанска иницијатива формирана во 2015 од жителите на Центар кои живеат во Дебар Маало и во околината со единствена заедничка цел – унапредување на квалитетот на животот во маалото и во градот.