Спорт Јаја Туре е најдобар африкански фудбалер за 2014 година

Јаја Туре е најдобар африкански фудбалер за 2014 година

Фудбалерот на Манчестер сити, Јаја Туре, е прогласен за најдобар африкански фудбалер за 2014 година.

За репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска ова е четврто по ред признание за најдобар фудбалер во Африка, со што се израмни со Самуел Ето, кој ја доби оваа награда во 2003, 2004, 2005 и во 2010 година.

Во конкуренција на Туре беа и Пјер-Емерик Обамејанг од Габон, кој игра за Борусија Дортмунд, и Винсент Енејама од Нигерија, кој игра за Лил.