Хроника Ја тепал поранешната девојка за да му се врати

Ја тепал поранешната девојка за да му се врати

Вчера во Куманово е привден Ф.М. затоа што во 00.15 часот ја сретнал  Д.Ј. (21) од Куманово, која била негова пораешна девојка, и насилно ја внел во куќа, сопственост на неговата баба, каде физички ја нападнал заканувајќи ѝ се дека ако не ја продолжат врската, ќе ја убие.

Од здобиените удари, на Д.Ј. ѝ се слошило и паднала на подот, по што Ф.М. ѝ дозволил да излезе надвор, а таа ја искористила можноста и избегала.

По укажана лекарска помош, на оштетената ѝ се констатирани телесни повреди. Лицето за кое постојат сомнежи дека е можен сторител е приведен, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поденсок.