Македонија Извршители ќе блокираат сметки на граѓани кои не платиле данок на имот...

Извршители ќе блокираат сметки на граѓани кои не платиле данок на имот и комунална такса

Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатите години неопходно е неодложно и веднаш да ги подмират своите обврски

Фото: SirGoldenBlade, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за 2021, 2022 и 2023 година, како и за должниците за данок на имот, се почнува со присилна наплата и забрана на користење средства, најавија денеска градските власти.

Како што е наведено во соопштението, сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатите години неопходно е неодложно и веднаш да ги подмират своите обврски.

„Граѓаните по добивањето на решенијата доколку забележат неправилности, истите треба да ги пријават на веб-страницата на град Скопје (е-даноци) или преку одделот за пријавување на проблеми http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/. Неправилности може да се пријавуваат и на телефон“, велат во град Скопје.

Броевите за данок на имот се 072/204-434, 02 3297-316, 02 3297-539, 02 3297-280 и 02 3207-546, а за комунална такса-фирмарина – 02 3297-314. За присилна наплата броевите се 02 3297-296 и 02 3297-298.