Економија Извозот во јули и во август понизок од очекувањата

Извозот во јули и во август понизок од очекувањата

Извозот на традиционалните извозни сектори забележа годишно намалување, особено изразено кај металопреработувачката и  кај текстилната индустрија. Исто така, пад е забележан и кај извозот воопшто, се вели во извештајот на НБРМ.

– Во споредба со априлската проекција, извозот во јули и во август е понизок од очекувањата, а овие отстапувања се особено изразени кај извозот на другите индустрии и кај извозот на текстил, железо и на челик, наспроти подобрите извозни остварувања на еден дел од новите капацитети ориентирани кон извоз – се вели во извештајот на НБРМ.

Увозот на стоки во текот на јули и на август забележа мал пораст на годишна основа од 0,7 отсто, што се должи на повисокиот суровински увоз на новите капацитети во економијата, а во помал дел и на увозот на опрема и на машини, стоки за широка потрошувачка и на храна, наспроти увозот на енергија, железо и на челик, кои бележат пад на годишна основа.

Увозните остварувања во јули и во август се пониски во однос на очекуваните движења за третиот квартал според априлската проекција.