Хроника Израелски параглајдерист загина во Прилепско

Израелски параглајдерист загина во Прилепско

Педесет и петгодишниот параглајдерист Рон Ашуан од Израел денеска го загуби животот кај прилепското село Врбоец кога од непознати причини паднал и починал на местото на несреќата.

„Денеска, во местото Тумба во атарот на селото Врбовец, се случи несреќа во која животот го загуби едно лице (55) од Израел. Лицето управувало параглајдер и како последица на пад од истиот, починало. Со наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп во моментот сè уште врши увид на местото на настанот“, информираат од Основното јавно обвинителство.