Подглавна секција Израел: Го убивме лидерот на Хезболах

Израел: Го убивме лидерот на Хезболах

Војската соопшти дека извршила прецизен воздушен напад за време на состанокот на раководството на Хезболах во неговото седиште во Дахија, јужно од Бејрут

Извор на фотографија: IDF Spokesperson's Unit, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=133919697

Израелската војска објави дека го убила лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, во напад на Бејрут.

Војската соопшти дека извршила прецизен воздушен напад за време на состанокот на раководството на Хезболах во неговото седиште во Дахија, јужно од Бејрут.

Се наведува дека во нападот биле убиени неколку команданти на Хезболах.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека шест лица загинале, а 91 се повредени во вчерашните напади во кои се урнале шест станбени згради.

Насралах го водеше Хезболах повеќе од три децении.