Македонија Изминатово деноноќие 692 санкции за неносење маска

Изминатово деноноќие 692 санкции за неносење маска

Фото: Арбнора Мемети

Во текот на изминатото деноноќие (13/14.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 692 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид 19.