Македонија Измените на Законот за внатрешни работи денеска на седница на Влада

Измените на Законот за внатрешни работи денеска на седница на Влада

Владата денеска ќе ја одржи 23. седница на која на дневен ред ќе биде измена на Законот за внатрешни работи, чиј предлагач е Министерството за внатрешни работи.

Како што соопштија од прес-службата на Владата, на дневен ред на денешната седница ќе се разгледува и предлогот за изменување на Деловникот за работа на Владата и предлог-програмата и предлог акциски план за спроведување на Стратегијата за безбедност и здравје при работа 2020 година.

Предлагач на програмата и на Стратегијата е Министерството за труд и социјална политика.