Дописници Измени на урбанистички планови по електронски пат

Измени на урбанистички планови по електронски пат

Граѓаните и правните лица отсега можат по електронски пат да поднесуваат иницијативи за измена и за дополнување на урбанистичките планови за населените места и за урбаните блокови на Тетово. За таа цел Општина Тетово има објавено јавен повик кој ќе трае до 31 септември. Повикот е објавен на интернет-страницата Тетова.гов.мк и на огласна табла на Општината.

Прифатените иницијативи од јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Тетово за 2015 година. Средствата за прифатените иницијативи за подготвување на потребната документација, треба да се обезбедат од подносителите на иницијативите.

Од секторот за урбанизам на Општина Тетово велат дека се работи и на изработка нa нов генерален урбанистички план за градот Тетово.