fbpx

За десетина дена во Тетово ќе се воведе зонско паркирање

-

До крајот на овој месец, во Тетово ќе почне да функционира зонското паркирање. Со него ќе управува новоформираното Јавно претпријатие за јавни паркиралишта „Градски паркинг Тетово“, за кое Советот на Општина Тетово на денешната седница, предложи и изгласа преставници на управниот и на надзорниот одбор.

– За да се надмине сообраќајниот хаос во Тетово, веќе се вршат последните подготовки за зонско паркирање, се обележува вертикалната и хоризонталната сигнализација, при што се обележани 1.900 паркинг-места на булеварите во градот и 900 затворени паркинг-места, со кои ќе раководи „Градски паркинг Тетово“. Општина Тетово има склучен договор и со мобилните оператори, преку кои ќе може да се наплаќа зонското паркирање – изјави претседателот на Советот на Општината, Исен Џемаили.

На денешната седница беше усвоен и елаборат за собирање, транспорт и за депонирање на комуналниот отпад од шарпланинските села, кои припаѓаат под Општина Тетово. Усвоен беше и финасискиот извештај на Јавното комунално претпријатие, а се донесоа и неколку одлуки за промена на урбанистичка планска документација.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...