Култура Изложба на Тања Таневска во Софија

Изложба на Тања Таневска во Софија

„Космичкиот еротизам на струната и облината” од ликовната уметница Тања Таневска

Вечер во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија ќе биде отворена изложбата „Космичкиот еротизам на струната и облината“ од ликовната уметница Тања Таневска.

Таа дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Рубенс Корубин во 1996 година.

Членува во ДЛУМ од 1997 година, учествувала на десетици самостојни и на повеќе од 180 групни ликовни изложби во Македонија и во странство, како и на повеќе од 35 домашни и меѓународни ликовни колонии. Добитник е на неколку значајни домашни награди во организација на ДЛУМ, како и на награда од Интернационалното биенале на мал формат во Рацибор, Полска.

Изложбата на Тања Таневска во Софија ќе ја отвори директорот на КИЦ на РМ во Софија, Васко Шутаров, а проектот е целосно поддржан од Министерство за култура на Република Македонија.