Дописници Изложба на Стефан Хаџи-Николов во Охрид

Изложба на Стефан Хаџи-Николов во Охрид

Самостојна изложба на македонскиот сликар Стефан Хаџи-Николов ќе биде отворена во рамките на фестивалот „Охридско лето“, во галеријата на Куќата на Робевци утревечер, од 20 часот.

Изложбата, истовремено, е дел од летната програма на НУ „Завод и музеј“од Охрид.

Еден од најреномираните македонски реалисти, Хаџи-Николов, во Охрид ќе се претстави со нови дела. Во 2012 година тој веќе имаше самостојна изложба во Охрид.

Стефан Хаџи-Николов има добиено бројни признанија и престижни награди од областа на уметноста, со кои е потврдено неговото творештво.