Култура Изложба на фотографии на Стефан Лупино

Изложба на фотографии на Стефан Лупино

Лупино во моментов работи за „Плејбој“

Хрватскиот фотограф Стефан Лупино вечерва во „Галерија 8“ во Безистен, во Старата скопска чаршија, ќе ја отвори својата изложба на 30 фотографии.

Лупино е еден од најпознатите естрадни и модни фотографи од поранешните југословенски простори, кој има стекнато светско реноме. Тој, во текот на седумдесеттите и осумдесетите години на минатиот век, престојувал во Њујорк, каде е соработувал со големите издавачки куќи и познатите магазини како што се „Диталс“ „Вог“, „Фото“, „Зум“ и други списанија, а денеска работи за „Плејбој“.