Култура Изложба на фотографии на Станко Неделковски

Изложба на фотографии на Станко Неделковски

Четвртата самостојна изложба на Станко Неделковски, со наслов „Како за прв пат/ фотографијата во манипулација“, ќе се отвори утре во 20 часот во Музеј на град Скопје. На изложбата ќе бидат експонирани 43 фотографии со дигитален печат, создадени оваа година.
Неделковски е поттикнат од идејата за поврзување на старите аналогни технологии со нивната дигитална обработка, во некоја форма на калемење или вкрстување на главните чинители од овие два периода во историјата на фотографијата.