Македонија Излезноста во Босилово до 13 часот била 7,78 отсто

Излезноста во Босилово до 13 часот била 7,78 отсто

Излезноста на референдумот во Општина Босилово во врска со рудникот Иловица и други рудници на територијата на општината до 13 часот изнесувала 7,78 отсто.

Општинската изборна комисија соопшти дека референдумот се одвива без проблеми.

Во 7 часот утрово навремено биле отворени гласачките кутии во 19 гласачки места во општина Босилово, каде што граѓаните на референдумот имаат можност да се изјаснат за две прашања: Дали се за или против работата на рудникот за бакар и за злато Иловица и дали се за или против отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина.

На единствениот гласачки список запишани се 12.301 полнолетно лице, а за референдумот да биде успешен, треба да гласаат 6.151 граѓанин или 50 отсто плус 1 гласач.

Во Струмичкиот Регион, на референдум за работата на рудниците, на 17 септември ќе се изјаснуваат и жителите на општина Ново Село.