Македонија Излезе првиот број на „Гласот на студентите“

Излезе првиот број на „Гласот на студентите“

Денеска излезе првиот број на весникот „Гласот на студентите“, зад кој стои „Студентски пленум“.

Насловната страница е со поднаслов „Што претставува Студентскиот пленум и неговиот развој“, а на неколкутите страници може да се прочита за активностите на пленумот, ангажманот на неговите претставници, автономните зони и за барањата на студентите.