Ctrl - Z Излезе играта Black Myth: Wukong и веќе е втора најиграна игра на...

Излезе играта Black Myth: Wukong и веќе е втора најиграна игра на Steam

За еден ден ги надмина игрите Канстерстрајк 2, PUBG и Palworld и брои над 2 милиони корисници моментално а бројката на нови играчи сè уште е во пораст

Black Myth Wu Kong скриншот од YouTube

Излезе играта Black Myth:Wukong и по еден ден е веќе втората најиграна игра на Steam. Станува збор за Souls Like RP Акциона игра и со себе носи доста новости во жанрот. За оваа игра имаме и претходни написи што темелно го објаснуваат ликот Wukong односно „Кралот Мајмун“. Како што претпоставувавме во претходен напис, оваа игра руши рекорди и е „новата Елден Ринг“, подобра по продажби и од експанзијата на Елден Ринг.

Исто така, ги надмина брзо игрите Канстерстрајк 2, PUBG и Palworld и брои над 2 милиони корисници моментално а бројката на нови играчи сè уште е во пораст.

Играта е одлична и дури е потешка од експанзијата на Елден Ринг Shadow of The Erdtree. Графиката е супер, нивоата се одлично сработени како и дизајнот на противниците, самите борби имаат фактор на поолеснета борба со „не толку многу казнување на грешки“ но сепак нуди огромен предизвик и при соочувањата со обични непријатели и главни.

Приказната не ѝ е воопшто силна страна но позитивно е што по поминување на етапи од играта раскажувачките анимации се менуваат од вид на стрипско раскажување до анимации и сториборд раскажување што е инвентивно.

Што се однесува до борбите, заработувате моментални трансформации од босевите што сте ги победиле и при специјални удари често и се претварате моментално во главните и правите специјален улти потег. Ваквиот тип на способности е корисен во текот на целата игра дури и транформациите од почетните главни се корисни при крајот на играта. Има и комбоа со скилови што ги собирате и може да се менува оружјето и оклопот со подобри верзии. Оживувањето на Monkey King после смрт -е решено баш како во кинеската митологија -го снимате напредокот така што на олтари оставате влакно од косата на Wukong а тој може да оживее и да остане само едно влакно според имагинарните легенди -ова е одлично решено. 

Иако самата игра има многу багови од кој најлош е пропаѓањето надолу низ нивоата при тепачки со босеви, аудиото на дијалозите меша по пола реченица англиски и пола реченица јапонски јазик, а протагонистот којшто е трикстер во кинеска митологија во играта не зборува ништо-што е несвојствено за карактерот на самиот лик.

Играта моментално се продава за 60 евра за стандардната верзија, а делукс верзијата чини 70 евра. Би ви препорачале да се стрпите додека е на попуст на Steam.