Македонија Излеани неколку реки во Македонија

Излеани неколку реки во Македонија

Поради обилните врнежи од дожд, неколку реки денеска повторно се излеале од своите корита и повторно поплавиле земјоделски површини, домови и импровизирани објекти, пренесуваат медиумите.

Како што пренесува „Утрински“ на својата интернет-страница, во Кавадаречко се излеала реката Луда Мара, кај селата Глишиќ и Марена, каде под вода биле лозови и овошни површини, а поплавени биле и пластеници. Водата од реката се излеала и од градскиот кеј по шеталиштето во Кавадарци.

Од своето корито на две меса се излеала и Црна Река и поплавила земјоделски површини, но засега нема пријавени случаи дека водата навлегла во некои објекти, информирале од прилепскиот Центар за управување со кризи.

Медиумите пренесуваат дека излевање било забележано и на реката Слупчанка во липковскиот регион.

Во јануари и во февруари Македонија беше зафатена од поплави кои предизвикаа големи штети во повеќе региони во земјата.