Подглавна секција Изгоре празен автобус кај село Извор, на патот Охрид-Кичево

Изгоре празен автобус кај село Извор, на патот Охрид-Кичево

За гаснење на пожарот интервенирале две екипи од против-пожарната единица Кичево по што на тоа место сообраќајот се одвива по една лента

Празен автобус изгоре на патот Охрид-Кичево кај селото Извор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Тие добиле известување од АМСМ дека од 21:00 синоќа сообраќајот бил во прекин во двата правци.

За гаснење на пожарот интервенирале две екипи од против-пожарната единица Кичево.

„Од РЦУК – Охрид известуваат дека нема повредени лица односно автобусот бил без патници“, велат од ЦУК.