Македонија Издадени потврди на 293 мигранти

Издадени потврди на 293 мигранти

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на 293 мигранти.

Според државјанството, потврди се издадени на 241 државјанин на Сирија и на 52 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Од први јануари до вчера издадени се вкупно 89.116 потврди на мигранти.