Македонија Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Според првичните извештаи, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, Силјановска Давкова има предност со 37,8 отсто од гласовите (197.741 гласови)

Фото: Официјална Фејсбук страна на Силјановска Давкова

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК).

Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има предност со 37,8 отсто од гласовите (197.741 гласови).

Кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски има 18,66 отсто од гласовите (97.592 гласови).

Трет според досега обработените гласови е кандидатот на Европскиот фронт предводен од ДУИ, Бујар Османи со 15,63 отсто од гласовите (81.748).

По него следува Арбен Таравари од движењето „Влен“ со 11,639 отсто (59.591  гласови).

Максим Димитриевски од движењето „ЗНАМ“ освои 8,09 отсто од досега пребројаните гласови (42.296) и е пред Билјана Ванковска од Левица која освои 4,49 отсто од гласовите (23.472 гласови).

Најмалку гласови има кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. Тој досега освоил 0,96 отсто од гласовите (4.997 гласови).

Бројот на неважечки гласачки ливчиња изнесува 14.040.

фото: Принтскрин од интернет страницата на ДИК