Подглавна секција Изаелските власти уапсиле 59 палестинци кај Рамала

Изаелските власти уапсиле 59 палестинци кај Рамала

Приведувањата се случиле за време на рациите на Силвад, источно од Рамала, и Кафр Нима

Израелски сили во Газа, 26 февруари 2024 г. | Фото: IDF Spokesperson's Unit

Палестинската новинска агенција „Вафа“ објави дека израелските власти уапсиле најмалку 59 палестинци во близина на Рамала на Западниот брег, окупиран од Израел, пренесе „Гардијан“.

„Вафа“ известува дека израелските сили привеле десетици млади мажи и ги испрашувале пред да ги ослободат.

Приведувањата се случиле за време на рациите на Силвад, источно од Рамала, и Кафр Нима, западно од градот.

Израелскиот информативен центар за човекови права на окупираните територии, во ажурирањето на 23 јуни соопшти дека според најновите податоци објавени од израелските безбедносни сили, „на крајот на март 2024 година, Израелската затворска служба држела 8.611 палестинци во притвор или во затвор, вклучително и 1.141 лица од појасот Газа.