Спорт Ивановиќ и Швајнштајгер ќе се венчаат на ранч во Војводина

Ивановиќ и Швајнштајгер ќе се венчаат на ранч во Војводина

Српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер судбоносното „да“ ќе го изговорат на еден познат ранч во близина на Нови Сад.

Познатата двојка која неодамна ја објави својата свршувачка, наголемо се подготвува за свадбената прослава. Тие веќе ја одбрале локацијата каде ќе се венчаат. На вечна љубов ќе се заколнат на почетокот од септември.