Македонија Иванова: Мојата земја презеде многу значајни чекори за подобрување на општествената улога...

Иванова: Мојата земја презеде многу значајни чекори за подобрување на општествената улога на жената

Маја Иванова, сопругата на претседателот Ѓорѓе Иванов, на форумот „Кран Монтана“ се обрати на специјална сесија на Форумот на африкански жени, чиј фокус годинава е имплементирање родова еднаквост, жените во јавниот живот и во приватниот сектор и подобрување на образовниот систем за девојките.

– Жената во Република Македонија е сè повеќе присутна не само во јавниот, туку и во приватниот сектор. Разбирајќи ги условите на пазарот, успешните жени менаџерки ја внесуваат својата креативност и промовираат успешни општествено одговорни концепти во водењето бизнис. Мојата земја презеде многу значајни чекори и конкретни мерки за подобрување на општествената улога на жената. На патот на промените, во секој сегмент од моето работење, ги поддржувам проектите што го промовираат учеството и позицијата на жените во општествените текови и подобрувањето на општествениот развој. Како покртовител, но и како активен учесник, преку ангажирање на сите видови расположливи општествени ресурси, се трудам да помогнам да се постигне што повеќе за таа цел – рече Иванова.