Македонија Иванов во Женева на сесија за човекови права на ОН

Иванов во Женева на сесија за човекови права на ОН

Во Женева, денеска претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе учествува и ќе се обрати на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права на Обединетите нации, со што ќе биде отворена неговата 28. сесија.

Предвидено е, во рамки на учеството на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права, претседателот Иванов да оствари средби со високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Ра‘ад Ал Хусеин, со претседавачот на Советот за човекови права, Јоаким Рукер, со вршителот на работите генерален директор на ОН во Женева, Мајкл Молер, и со генералниот директор на Меѓународната организација за миграција, Вилијам Лејси Свинг.

Република Македонија е членка на Советот за човекови права на Обединетите нации во периодот од јануари 2014 до крајот на 2016 година.