Македонија Иванов во дводневна посета на Албанија

Иванов во дводневна посета на Албанија

Во дводневна посета на Албанија од денеска е претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Тој, меѓу другото, ќе се сретне со албанскиот претседател Бујар Нишани, со премиерот Еди Рама и со претседателот на Собранието, Илир Мета.

Утре претседателот Иванов ќе ја посети општина Пустец, каде што ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница. Во делегацијата, што ќе го придружува претседателот Иванов е и министерот за одбрана, Зоран Јолевски.