Македонија Иванов утре Илинден ќе го одбележи на Мечкин камен

Иванов утре Илинден ќе го одбележи на Мечкин камен

По повод Ден на Републиката (2 август), претседателот Ѓорге Иванов ќе присуствува на одбележувањето на државниот празник Илинден во Крушево, информираат од кабинетот на претседателот.

Иванов ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, на хероите на споменикот Слива,
а ќе присуствива на панихида во храмот „Свети Никола“. Во 12 часот ќе се одржи свеченоста и народен собир на Мечкин камен каде што е предвидено обраќање.

„Во пресрет на чествувањето, претседателот Иванов вечерва ќе присуствува на церемонијалното отворање на Научно културните средби „Десет дена Крушевска република” 2018“, се додава во соопштението.