Македонија Иванов: Треба да се слушне гласот на студентите

Иванов: Треба да се слушне гласот на студентите

Треба да се слушне гласот на студентите и да се разговара за нивните сознанија и ставови. Треба да се поттикне дијалогот со надлежните институции за да можеме сите да имаме корист од овие промени, и студентите, и стопанството, институциите, како и целото општество, бидејќи високото образование, пред сè, е подготовка на луѓе за самостоен живот, изјави претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, во врска со студентскиот протест при денешната посета на општина Ново Село.

– Како претседател, но и како универзитетски професор, секогаш сум посветувал внимание на сите предизвици со кои се соочуваат младите. Во целиот свет има реформи во високото образование. Секоја реформа бара вклучување на сите надлежни субјекти за наоѓање најдобри можни начини и решенија кои ќе бидат од корист и за институциите и за студентите – додаде Иванов.