Македонија Иванов телефонски му ја честитал победата на Ердоган

Иванов телефонски му ја честитал победата на Ердоган

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, телефонски му ја честитал победата на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција и му посакал успешно извршување на претседателската функција, информираат од кабинетот на Иванов.

Во телефонскиот разговор биле разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји, при што претседателот Иванов се заблагодарил за сета досегашна поддршка од Република Турција, и изразил уверување дека и во наредниот период ќе продолжи силното пријателство и соработката меѓу двете земји.