Македонија Иванов садеше дрвца со децата со посебни потреби

Иванов садеше дрвца со децата со посебни потреби

По повод Меѓународниот ден на децата со хендикеп, претседателот Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова, денеска, во во својот дом, ги примија учениците од училиштето за деца со посебни потреби „Св. Климент Охридски“ од Ново Село.

Иванов и децата засадија дрвца во дворот од резиденцијата, со што се вклучија во денешната акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.