Македонија Иванов се сретна со Вучиќ

Иванов се сретна со Вучиќ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими Александар Вучиќ, претседател на Владата на Република Србија, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, по повод одржувањето на втората заедничка седница на Владите на Република Македонија и на Република Србија.

Претседателот Иванов искажа задоволство од размената на меѓусебни посети, оценувајќи дека тоа претставува индикатор за интензитетот на политичкиот дијалог.

– Контактите на највисоко ниво имаат особено значење и даваат силен сигнал за понатамошниот развој на пријателството и соработката меѓу нашите две држави. Заедничките седници на двете Влади се ново поглавје во заемната комуникација кое отвора можност за директна и поефикасна соработка во повеќе области од заемен интерес – рече претседателот Иванов на средбата.