Македонија Иванов од утре во дводневна посета на Хрватска

Иванов од утре во дводневна посета на Хрватска

Претседателот на Република Македонија,Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, Маја Иванова, од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Хрватска.

Претседателот Иванов во Загреб ќе оствари средби со претседателот на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, и со претседателот на хрватскиот Сабор, Јосип Леко.

Македонскиот претседател ќе ја посети Општина Ѓаково, каде ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница и ќе присуствува на културно-уметничка програма на македонското КУД „Браќа Миладиновци“ од Хрватска.

Во делегацијата, што ќе го придружува претседателот Иванов за време на официјалната посета на Република Хрватска, е и министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски.