Македонија Иванов на средба со Гојковиќ, претседателка на собранието на Србија

Иванов на средба со Гојковиќ, претседателка на собранието на Србија

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со претседателката на собранието на Србија, Маја Гојковиќ, и искажа задоволство од размената на посети меѓу двете земји, оценувајќи дека контактите на највисоко ниво имаат особено значење и даваат силен сигнал за понатамошниот развој на пријателството и на соработката меѓу Македонија и Србија.

– Нашите земји ги поврзува долга историска и културна традиција, имаме идентична визија за
заедничка иднина во големото европско семејство – рекол Иванов.