Македонија Иванов на бизнис-форум во Подгорица

Иванов на бизнис-форум во Подгорица

Претседателот Ѓорге Иванов, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица, заедно со својот домаќин, црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, ќе се обрати на отворањето на бизнис-форум на кој ќе учествуваат претставници на околу 45 компании од двете земји.

Целта на форумот е да се претстават можностите за инвестирање во Македонија и за зајакнување на економската соработка, која поради лошата инфраструктурна поврзаност не е на високо ниво, како што е политичката соработка меѓу Македонија и Црна Гора.