Македонија Иванов на безбедносна конференција во Минхен

Иванов на безбедносна конференција во Минхен

Претседателот Ѓорге Иванов, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, од денеска до недела ќе учествува на 51. Минхенска безбедносна конференција.

Во фокусот на конференцијата оваа година ќе бидат борбата против тероризмот, нерешените конфликти во Европа, со акцент на Украина, состојбата на Блискиот Исток, како и ризиците од бегалска криза.

На конференцијата ќе учествуваат околу 20 шефови на држави, 60 министри за надворешни работи и за одбрана и 30 извршни директори на глобални компании и парламентарни делегации.

Меѓу учесниците на конференцијата ќе бидат германската канцеларка Ангела Меркел, потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, како и поранешната американска државна секретарка, Медлин Олбрајт, и поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан.